Утре дожд, од вторник попладне снег
Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
– Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне.
Ново на Сител
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис