-->
-->
Утре ден на жалост во Македонија
-->
Утрешниот ден, 13 февруари 2023 година е прогласен за ден на жалост поради настраданите во земјотресот во Турција, соопшти преку Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
„Утрешниот ден го прогласивме за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија. Граѓаните на Северна Македонија во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства.
Во име на сите граѓани на Република Северна Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ.“ - напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
