Утре да се стаса порано на скопскиот аеродром за утринските и вечерните летови

Поради посетата на папата Франциск патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.
Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.
Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени, се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.
Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“, утре временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, која што ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en
Ново на Сител
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
-

МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни
-

Обвинителство поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет, која е бранител на еден од обвинетите
-

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
-

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд
