Утре без струја повеќе делови од Скопје

Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат корисниците од општините Карпош, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода, соопштуваат од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул. „Сливовска“, ул. „Пресека“, ул. „Був“, ул. „Бабуна“, ул. „Владимир Каваев“, Општина Карпош, како и дел од с. Долно Соње (кон Брзоец), Општина Сопиште.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од с. Ново село (околу спортската сала), Општина Ѓорче Петров, дел од с. Долно Лисиче, делот кон с. Јурумлери, делот кај Расадникот во Општина Аеродром, како и Водовод Јурумлери, дел Драчево кон Јурумлери, Графо Хартија, Вип Драчево, Општина Гази Баба и Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
