Утре без струја делови од неколку скопски општини

Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
Како што соопшти РЦУК Скопје по исвестување од „ЕВН Македонија“ во периодот од 10:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Славејко Арсов и Христо Чернопеев, а од 09:30 до 10:30 часот корисниците од дел од ул. Козара од бр. 2 до бр. 32 и околните објекти во Општина Центар.
Без електична енергија во периодот од 08:45 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Томе Арсовски, Антон Попов, Димо Хаџидимов и објектите во непосредна близина (Општина Кисела Вода), од 08:45 до 15:00 часот корисниците од селата Идризово, Мралино и дел од Кадино, месноста Дрма и фирмите Пивар, Мак Лифт, Мајами и Мак Петрол – Идризово (Општина Гази Баба)
Во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул. Милан Мијалковиќ, односно во периодот од 11:30 до 14:00 часот корисниците од улиците Томе Арсовски и Антон Попов во Општина Кисела Вода, а во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Пелагонија во Општина Шуто Оризари.
Ново на Сител
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
