Усвоена нова стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11 отсто
Владата на денешната редовна седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, со вклучен Акциски план, која предвидува стапката на невработеноста да опадне на 11 проценти за работоспособно население.
Како што информираат од владината прес-служба, согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази. Првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата од Ковид-19 врз вработувањето и воведување на потребните реформи за почеток на втората фаза – од 2024 до 2027 година на политиките, која е попрогресивна и насочена кон приближување до Стратегијата за вработување на Европската Унија.
Како што соопштија од Владата, според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.
-Националната стратегија за вработување е придружена и со Гаранцијата за млади, чиј план за спроведување ќе се преформулира во 2022 година за да се земе предвид постигнатиот напредок, влијанието на пандемијата врз вработувањето на младите и прилагодувањата воведени во Програмата за поддршка на младите на ЕУ со што се очекува значително поголемо вработување на младите, се наведува во владиното соопштение.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
