Македонија
3. April 2024 - 16:32

Уставен нема да поведе постапка за прекувремена работа за Бехтел и Енка - Синдикатите револтирани

Нема ништо неуставно во прекувремената работна недела за работниците кои ќе бидат дел од изградбата на коридорите 8 и 10д. По повеќе од една година иницијативите на синдикатите и граѓанските организации паднаа пред Уставниот суд. Судиите одлучиле дека нема да поведат постапка, бидејќи во Законот за работни односи постоела горна граница од 40 работни часа во една недела, а за прекувремена платена работа до 12 часа дневно работникот сам се изјаснувал преку писмена согласност.

Од Синдикатот ја осудуваат ваквата одлука на Судот. Велат судиите дозволија работната недела да трае 72 часа, односно само потврдија дека работникот ќе работи и до 12 часа дневно.Според Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво и индустрија, со ваквата одлука работниците ќе работат 32 часа подолго од полното неделно работно.

За синдикатот, одлуката на Уставниот суд е печат на модерно ропство како краен облик на искористување на луѓето од други луѓе, односно од странци дојдени да ги експлоатираат Македонските работници. Најавуваат и протести во знак на револтѕ од одлуките работниците да бидат постојано угнетувани.

Лани, претседателот Пендаровски стави параф на законите и покрај противењето и на синдикатите и на работниците. Неговото образложение тогаш беше дека го потпишал указот бидејќи во законските измени, не стои формулација 60-часовна работна недела.