УСС УКИМ апелира за подобрување на безбедноста во студентските домови и објектите на универзитетот
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) денеска преку соопштеное упати апел до државните студентски домови „Томе Стефаноски - Сениќ“, „Пелагонија“, ДСД Скопје и до сите единици на УКИМ за преземање итни активности со цел унапредување на безбедноста во студентските домови и универзитетските објекти.
Во апелот се предлагаат неколку мерки, како вонредна проверка и одржување на противпожарните апарати и хидрантските системи – редовно проверување и одржување на овие системи за да се осигура безбедноста на студентите и вработените во случај на пожар или друга несреќа.
Се предлага организирање на симулации за евакуација на студентите – најмалку еднаш во текот на академската година, со цел студентите да бидат подготвени и да се зголеми нивната свест за евакуациските процедури и безбедноста.
- Апелот се упатува до сите надлежни тела во рамки на УКИМ и сите студентски домови со цел да се обезбедат подобри услови за студентите и да се подигне свеста за важноста на безбедноста во сите аспекти на нивниот академски живот. Со имплементирање на овие активности се очекува да се зголеми безбедноста на студентите, да се подобри нивната подготовка за евентуални опасности и да се осигура поголема сигурност во студентските домови, објектите на универзитетот и факултетите, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади
-
Израелските авиони сè уште напаѓаат нуклеарни постројки низ Иран, соопшти армијата