-->
-->
Успешен настап на ПК Бета на пливачки митинг во Скопје
-->

На меѓународниот пливачки натпревар 13-ти Ноември кој се одржа викендот во Скопје најуспешни беа пливачите на клубот Бета.
Тие освоија 73 медали од кои 22 златни, 27 сребрени и 24 бронзени и поставија 13 нови рекорди.
Јана Милковска постави нови рекорди во категоријата помлади пионери во дисциплините 50 метри делфин со време 34,58, 100 метри делфин со време 1.16,93, 200 метри делфин со време 2.51,93, 50 метри грб со време 38,18, 10 метри мешано со време 1.22,05 и 800 метри слободно со време 10.45,86.
Ана Јаневска поставо нови кадетски рекорди во дисциплините 100 метри слободно со време 59,50, 50метри делфин со време 29,26 и 50 метри слободно каде постави кадетски и младински рекорд со време 26,90.
Давор Петровски постави нови младински рекорди во дисциплините 200 метри делфин 2.08,12 каде во финалните трки повторно со време 2.07,83 и во дисциплината 100 метри делфин со време 57,40 а кои се 20 години стари претходно поставени од Александар Маленко.
Андреј Стојановски постави нов рекорд во категоријата помлади пионери во дисциплината 200 метри мешано со време 2.35,12
Во силните трки свој настап имаа и српскиот олимпиец Иван Ленџер, бугарските рекордери Антони Иванов и Љубо Агов, италијанскиот европски финалист Кристијан Фареро, Австрискиот спринтер Доминик Унгер и Австријката Кристина Нортдуфтер.
За најуспешна пливачка беше прогласена Антониа Стенброк од Германија, а најуспешен пливач беше прогласен Италијанецот Кристијан Фареро.
Настапија околу 450 пливачи од 15 земји и тоа Србија, Германија, Албанија, Бугарија, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Италија, Израел, Австрија, Словачка, Косово, Велика Британија и домаќинот Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
