Тенис
24. November 2016 - 8:53

Успешен настап на Ѓорческа во двојки во Валенсија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казакстан како први носителки на фјучрсот во Валенсија остварија победа на стартот во конкуренција на двојки. Тие во првото коло ги победија Олга Саез Лара (Шпанија) и Мелани Стоке (Норвешка) со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3 во гемови) за 69 минути.
 
Деенеска во четвртфиналето ќе играат против шпанските тенисерки Клаудија Ферер и Кристина Буска.
 
Најпрвин нашата тенисерка околу пладне ќе го почне мечот во поединечна конкуренција во рамките од 2.коло ќе игра против италијанската тенисерка Јасмине Паолини (258 место на ВТА листа).