Уште тројца црногорски државјани уапсени за шверц на кокаин
Тројца државјани на Црна Гора беа уапсени под сомнение дека учествувале во обид за шверц на над 16 тони кокаин, кој е запленет на товарен брод во Филаделфија.
Уапсени се морнари од Котор, Б.М. (37), АК (25) и Н.И. (39). Сите тројца биле членови на екипажот на бродот МСЦ Гајан, во сопственост на една швајцарска компанија, на кој беа пронајдени десетици пакети кокаин.
Покрај нив, пред два дена, беше уапсен и нивниот пријател Лаули Пулу. Новите апсења уследиле по сослушувањето на двајца членови на екипажот уапсени веднаш по запленувањето на наркотици.
Вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од една милијарда евра. Ова е една од најголемите заплени на дрога во историјата на САД. Американскиот обвинител Вилијам Мексвајн изјави дека толкаво количество кокаин може да убие милиони луѓе.
Уште тројца црногорски државјани уапсени за шверц на кокаин
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија