-->
-->
Уште една несреќа: Работник паднал од шест метри, итно пренесен на скопските Клиники
-->

Несреќа ја потресе Македонија. 46-годишниот А.А. од Копанце се здобил со сериозни повреди на главата откако паднал од висина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае. Како што јави МИА, несреќата се случила вчера околу 13 часот додека А.А. со електрична дигална спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Таа во еден момент се откачила и заедно со количката тој паднал од вториот кат на објектот од околу шест метри во дворот, по што веднаш бил однесен во болница во Тетово, а поради сериозноста на повредите е пренесен и на скопските Клиники.
Полицијата презема мерки за целосно рсветлување на сите поединости поврзани со причините и другите околности околу паѓањето на работникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
