Уште еден ракометар го напушта Вардар
Владо Недановски е уште еден од ракометарите од шампионската генерација кој си заминува од Вардар летово. Желбата на “црвено-црните” е неговото место исто така да биде пополнето со Македонец, а како една од најпотенцијалните опции за местото е македонскиот репрезентативец, Димитар Димитроски. Засега крилото и клубот се уште ги немаат дефинирано условите за соработка, но постои интерес за истата.
Што се однесува до Недановски има две опции, доколку сака да стави крај на кариерата би можел да остане во Вардар како тренер во Академијата, доколку сака да продолжи да игра може да премине во било кој друг тим
Левото крило кариерата ја почна во Вардар Про во 2003 година, во својата 16-годишна кариера, само четири години не бил дел од „црвено-црните“, од 2008-2010 играше за Металург, а потоа две години мина во дресот на Пелистер.
Извор: sportmedia.mk
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи