-->
-->
Уште еден починат од КОВИД-19 во велешката болница
-->
На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа во 20 часот почина уште еден пациент ако последица од КОВИД-19. Тој е на 78-годишна возраст примен пред два дена во тешка општа состојба со мозочно крварење и позитивен на тест на Ковид-19, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Моментално на одделението се хоспитализирани 41 пациент, 36 потврдени позитивни и шест сомнителни кои чекаат резултати од тест: Единаесет пациенти се на кислородна поддршка.
Од болницата информираат дека денеска од оваа одделение се испишани како оздравени четири пациенти со негативни контролни тестови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
