Уште еден напад во Виена
Државјанин на Авганистан утрово нападна член на обезбедувањето на австрискиот Парламент.
Напаѓачот се обидел да го извлече од автомобилот членот на обезбедувањето, но тој се одбранил со тоа што употребил бибер спреј.
Инцидентот се случи само еден ден откако државјанин на Австрија со египетско потекло со нож го нападна војникот што ја обезбедуваше резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена.
На седми март Авганистанецот Џафар С. (23) со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена. Тој во затвор се обиде да се самоубие, но беше спречен од затворските чувари.
За време на сослушувањето Џафар С. изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот.
Ново на Сител
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада