Уште еден Косовец убиен во Сирија
Уште еден Косовец, кој се борел на страната на групата Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија, со што на бројот на косовски државјани што ги загубија животите на боиштата на Блискиот Исток се искачи на 76.
Станува збор за Бетим Ибрахимај од општина Исток, за чија смрт родителите ги информирала неговата сопруга, која исто така е во Сирија.
Веста ја потврди и косовската полиција. Полицискиот портпарол Даут Хоџа изјави дека полицијата има информација за убиството на Ибрахимај, но поради состојбата во Сирија нема никаков документ за тоа.
Ирахимај еднаш се вратил во Косово, но се соочил со законот и повотрно успеал да побегне во Сирија.
Пред два дена косовските медиуми пренесоа дека во Сирија е убиен Косовец по потекло од селото Пестово кај Витина, кој во оваа блискоисточна земја заминал од Германија, каде што живеел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници