Уште 118 компании со 1.116 вработени ќе користат бескаматни кредити од првиот пакет економски мерки
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата на развојната банка на Република Македонија за вториот пакет одобрени барања од обработените апликации на компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити од Јавниот повик од првиот пакет економски мерки.
Како што соопштија од Владата, согласно оваа информација, на уште 118 компании со 1.116 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра.
Во првата и втората група, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2.853 вработени. По структура, од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до десет вработени учествуваат со 69 отсто, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28 отсто, а средните компании до 250 учествуваат со 4 отсто.
Доставувањето информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, се додека во целост не се исцрпат средствата од кредитната линија Ковид 1. Досега до Развојната банка на Македонија се пристигнати повеќе од 1.050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра.
Според информациите од Владата, најдоцна до крајот на неделата Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден