-->
-->
УС Опен: Надал нема „лек“ за Фоњини
-->
Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал оваа година никако да најде „лек“ за Фабио Фоњини. Во четвртиот меч во 2015 година тој го доживеа третиот пораз (сите во 2015). Надал во мечот од 3.коло на УС Опен водеше со 2:0 во сетови но на крајот загуби со 3:2. Оваа година тој го победи Фоњини само во финалето во Хамбург, а загуби на турнирите во Рио де Женеиро и Барселона.
Надал првпат во кариерата загуби меч во пет сета, откако водел со 2:0.
Ова беше најголемото изненадување на мечевите од 3.коло на УС Опен одиграни ноќеска, иако турнирот заврши и за Давид Ферер.
Резултати кај мажите:
Ѓоковиќ - Сепи 3:0,
Баутиста Агут - Гофин 1:2 (предаде Гофин),
Лопез - Раониќ 3:0,
Фоњини - Надал 3:2,
Пер - Робредо 3:0,
Цонга - Стаховски 3:0,
Чилиќ - Кукушкин 3:2,
Шарди - Ферер 3:1.
Резултати од 3.коло кај жените:
С.Вилијамс - Матек Сандс 2:1,
Кејс - А.Радванска 2:0,
В.Вилијамс - Бенчиќ 2:0,
Контавеит - Бренгл 2:1,
Младеновиќ - Макарова 2:0,
Винчи - Дик Марино 2:1,
Бушар - Цибулкова 2:1.
Познати се и четири двојки во осминафиналето:
Ѓоковиќ - Баутиста Агут,
Лопез - Фоњини,
Пер - Цонга,
Чилиќ - Шарди.
Во женска конкуренција двојки од осминафиналето:
С.Вилијамс - Кејс,
В.Вилијамс - Контавеит,
Младеновиќ - Макарова,
Винчи - Бушар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ