-->
-->
УС Опен: Лесен ден за фаворитите
-->
Вториот ден на УС Опен мина без поголеми зиненадувања, а од фаворитите најголемиот дел постигнаа сигурни победи. Рожер Федерер на Леонардо Маер му препушти само пет гема, додека Енди Мареј со 3:1 во сетови го елиминира „проблематичникот“ Ник Киргиос. Кај мажите пласман во втората рунда обезбедија: Стан Вавринка, Томаш Бердих, Виктор Троицки, Иво Карловиќ, додека турнирот заврши за 11.иот носител Жил Симон, кој загуби со 3:2 во сетови од Донад Јанг, иако водеше со 2:0.
Кај жените Петра Квитова и Каролине Возниачки на противничките им препуштија по два гема, додека Симона Халеп се пласира во второто коло откако ривалката Марина Ераковиќ го предаде мечот. Од носителките порази во 1.коло забележаа Луси Сафарова (6.носител) и Тимеа Башчински (14.носител).
На УС Опен попладнево се играат првите мечеви од второто коло во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници