УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот

Деветтиот носител Американецот Тејлор Фриц испушти предност од 2-0 во сетови и загуби во меч од третото коло на УС опен од Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2 (3:6, 4:6, 6:3, 6:4 и 6:4). Мечот траеше 3 часа и 40 минути.
Елиминација доживеа и ланската финалистка Американката Аманда Анисимова која со 2-0 (6:2 и 7:5) загуби од Анастасија Потапова од Австрија.
За разлика од нив повеќе успех имаа неговите сонароднички. Коко Гоф со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4) ја победи Шпанката Кристина Буска, додека Ива Јовиќ одигра неизвесен меч против Филипинката Александра Еала и победи со 2-1 во сетови (7:5, 3:6 и 7:5).
Турнирот заврши и за петтиот носител кај мажите Флавио Коболи од Италија, кој со 3-1 во сетови (4) 6:7, 6:3, 6:0 и 6:3) беше поразен од Александер Блокс од Белгија.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
