-->
-->
„Урбан ѕид“ во Крива Паланка
-->
Со цртање графити и испишување на името на општината на ѕидот до Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, учениците од основните и средното училиште од грaдот го обележаа првиoт „Урбан ѕид“ во општината.
Со оваа активност локалната самоуправа се вклучи во проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен „Урбан ѕид“, чија цел е поддршка на младите во изразување на нивната креативност преку создавање урбана уметност.
- Одбравме две локации за оваа намена, покрај ѕидот до Музејот ќе се црта и на ѕидот кај местото „Тивка ноќ“ на главната улциа Св. Јоаким Осоговски, на излезот од градот, изјави градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.
Во проектот се вклучија учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“ и СОУ „Ѓорче Петров“, а работеа под менторство на наставниците по ликовна уметност.
- Младите имаат можност да ги канализираат својата креативност и енергија преку уметност, разубавувајќи ги овие две локации од градот, а преку тоа ќе бидат пример кој ќе го следат и останатите, да се биде насочен кон позитивни нешта и да се биде од полза на средината во која живееме, додаде Алексовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа