Ураганот „Бони“ ги зафати Централна Америка и југозападниот брег на Мексико
Тропската бура „Бони“ од синоќа се претвори во ураган од прва категорија, зафаќајќи го југозападниот брег на Мексико и земјите на Централна Америка, притоа предизвикувајќи смрт на најмалку три лица и значителна материјална штета во Ел Салвадаор и Никарагва.
Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ветрот предизвикан од ураганот достигнал постојана силина и е со брзина од над 130 километри на час.
„Бони“ е третиот ураган што оваа оваа сезона ги зафати североисточните области на Тихиот Океан. Тој копнените делови на Карибите ги зафати како тропска бура, носејќи обилни врнежи дожд низ регионот, за од границата Никарагва-Костарика да се префрли во тихоокеанското подрачје.
Салвадорскиот претседател Најиб Букеле преку „Твитер“ објави дека денеска нема да се одржува настава во училиштата низ целата држава.
Ураганот вечерва би можел да достигне втора категорија и ветар до 177 километри на час, со прогноза дека ќе се движи паралелно со мексиканскиот брег за од среда да се оддалечи од копното, соопшти Мексиканската национална метеоролошка служба.
Мексиканската метеоролошка служба предупреди дека ураганот може да предизвика интензивни врнежи и лизгање на земјиште, поплави и бранови до пет метри височина.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ