Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
Управниот суд вечерва одржува јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од Коалицијата Европски фронт на Парламентарните избори 2024, против решението Државната изборна комисија на РСМ за прегласувањето на избирачкото место 2101 во село Ларце во општина Желино.
Управниот суд одлуката за овој предмет се очекува да ја донесе два часа по завршувањето на јавната расправа.
Управниот суд денеска ја информираше јавноста дека на ден 28.05.2024 година по поднесенa тужба од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024 против Решение УП1 бр. 10-33 од 27.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр. 95/24.
- Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик, наведува Управниот суд во објава на веб страницата.
ДИК завчера на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.
Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.
Ново на Сител
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење