УПОЗ и ЗСА: Неприфатлива Предлог-спогодбата од Министерството за правда

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација денеска информираа дека за нив е неприфатлива Предлог-спогодбата поднесена од Министерството за правда.
- Во врска со штрајкот во судовите денеска Синдикатот на УПОЗ и ЗСА одржаа состанок на кој ја разгледаа Предлог-спогодбата од Министерството за правда. На состанокот беше констатирано дека неприфатлива е спогодба во која не се прецизирани рокови и спогодба која нуди обврска само за едната страна, односно Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, се вели во соопштението.
Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА информираат дека по денешниот состанок испратиле Предлог текст на спогодбата со сите забелешки од синдикалните организации до Министерството за правда и Судскиот совет.
Тие очекуваат во најбрз рок Министерството за правда и Судскиот совет да се произнесат и да почнат преговори за евентуалните спорни прашања од Предлог-спогодбата.
Судската администрација веќе подолг период протестира барајќи зголемување на додатоците на плата до 35 проценти како што е тоа предвидено кај судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
