Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола го одбележа патрониот празник
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец.
Директорот на Битолската универзитетска библиотека, Науме Ѓоргиевски во обраќањето рече дека првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот писател и педагог, а со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
-Свети Климент ја основал познатата Охридска книжевна школа, прв словенски универзитет во кој оспособил над 3.500 ученици за црковна богослужба. Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Напишал и поуки за големите христијански празници, пофални слова за други празници на апостоли и маченици, им помагал на Кирил и Методиј во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го правел целиот Цветен триод, нагласи Ѓоргиевски.
На денешната свеченост во Битола беа промовирани два најнови проекти на библиотеката, односно проектот „Секој има право да го разберат“-ДВД со раскази паралелно толкувани со знаковен јазик и проектот „Техничко опремувањена просторот за музикалии“.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица