-->
-->
Универзитетот Виланова ја освои НЦАА лигата
-->
Кошаркарите на Универзитетот Виланова ја освоија титулата во НЦАА лигата за сезоната 2015/2016. Виланова, во финалето кое се одигра во Хјустон, славеше над Северна Каролина 77:74.
Втората титула во НЦАА лигата, прва по 1985 година, на Виланова ѝ ја донесе Крис Џенкинс, кој со звукот на сирената погоди тројка од десет метри.
„Чувствував дека дека секој шут влегува, овој не се разликуваше од другите“, рекол херојот на Виланова, Џенкинс.
Инаку, дрмата започна на пет секунди до крајот, кога Маркус Пејџ постигна тројка од тешка позиција и го израмни резултатот на 74:74.
Виланова до титулата ја предводеа Фил Бут со 20 поени и Рајан Аркидианконо со 16 поени, додека херојот Џенкинс постигна 14 поени.
Најефикасен кај Северна Каролина беше Пејџ со 21 поен, шест асистенции и пет скока, а поен помалку постигна Џоел Бери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика