Уништено детство: Како џихадистите од децата прават убијци
Џихадистите од Исламската држава објавија снимка на која се прикажани деца војници како убиваат шест киднаширани припадници на сириските сили за безбедност.
Видео снимката со наслов „За децата на Евреите“ прикажува неколку десетици деца на возраст околу 10 години како проучуваат верски текстови и се обучуваат за борба.
Меѓу нив се издвоени неколку деца кои „упатуваат порака“ на противниците на ИД. Момчињата на снимката во живо погубуваат шест припадници на сириските сили кои се киднапирани околу 2013 година.
Сириските војници се наоѓале во провинцијата Деи Езор и се убиени со огнено оружје, а на еден му е исечен вратот.
Сириската опозициска Опсерваторија за човекови права соопшти дека и претходно џихадистите регрутирале околу 1.100 деца и дека околу 50 од нив веќе загинале.
Исламската држава има обичај да објавува снимки со разни методи на убивање на заложници и затвореници кои ги користи како пропагандно оружје за натамошно регрутирање на џихадисти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток