Унионистите од Северна Ирска ќе ја поддржат Меј при гласањето за недоверба
Демократската унионистичка партија (ДУП) од Северна Ирска ќе гласа против каков било обид за соборување на британската премиерка Тереза Меј, доколку таа претрпи пораз во Парламентот на гласањето за договорот за Брегзит следната недела, соопшти денеска групата на евроскептични британски пратеници.
– ДУП ќе ја поддржи Владата при евентуалното гласање за недоверба ако договорот за повлекување (Велика Британија од ЕУ) биде одбиен. Сепак, ризикот од губење на нивната поддршка и распишување избори, стои, ако договорот за повлекување помине, изјави конзервативниот пратеник Џејкон Рис-Мог на состанокот на Европската истражувачка група.
Премиерката Меј вчера рече дека договорот постигнат со ЕУ за Брегзит, кој Парламентот треба да го одобри на гласањето закажано за 11-ти декември, не е совршен, но дека е „најдобриот можен договор”.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена