Уницеф: Во Мосул загрозени околу 100.000 деца

Преставникот на Уницеф во Ирак, Питер Хикинс предупреди дека агенцијата на ОН добила „загрижувачки извештаи“ за убивање цивили, меѓу кои има и деца по жестоките судири околу Мосул меѓу владините сили и екстремисти од ИД.
Тој тврди дека дел од цивилите страдале во размена на оган додека се обиделе да побегнат од западниот дел на Мосул каде се водат борби.
Хокинс не прецизираше за бројот на убиени деца и изнесе проценки дека околу 100.000 деца се уште се во дел од градот под контрола на ИД и оти се во исклучително опасна ситуација.
Тој ги повика завојуваните страни да ги заштитат децата и цело време да се грижат тие да бидат подалеку од воена зона во согласност со обврски од хуманитарното право.
Би-Би-Си јави дека меѓу жртвите во мосулскиот кварт Занџили има мажи, жени и деца и оти хуманитарец нагласил дека ИД пука во луѓе кои се обидуваат да побегнат од таа област. Операцијата за заземање на Мосул од ИД, ирачката војска ја почна во октомври со поддршка од САД.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
