УНИЦЕФ: Источна Гута е пекол за децата
Реонот во близина на Дамаск, Источна Гута, што е под контрола на сириските бунтовници, стана вистински пекол за децата и ним им е неопходна итна помош, изјави денеска директорката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Хенриета Фор.
- Бомбардирањата се постојани, а количеството на насилство значи дека децата го гледаат сето тоа наслилство и смрт. Сега нема вода и храна. Ќе се појават и болести, изјави Фор.
Според неа, во реонот е утврдено високо ниво на нухранетост кај децата под петгодишна возраст.
Таа додаде дека е неопходно итно испраќање хуманитарен конвој со храна и залихи, нагласувајќи дека од претходниот конвој била поделена само половината од хуманитарната помош упатена кон Источна Гута.
Советот за бебзедност на ОН повика на прекин на огнот во Сирија, кој не се почитува во Источан Гута.
Според хуманитраните организации, на територијата под бунтовничка контрола опколена од сириските владини сили се наоѓаат околу 400.000 лица.
Од почетокот на офанзивата на сириските владини соли во Источна Гута на 18 февруари, според опозициски активисти, загинале околу 900 цивили, меѓу кои и стотици деца.
Извори во ОН тврдат дека поради жестоките борби жители на градовите Месраба, Хамурија и Мидејра биле принудени да ги напуштат своите домови и сега се расселни во други делови на Источна Гута. Според истите извори, лани во декември во овие три града живееле околу 50.000 лица.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
