УНИЦЕФ: Да се подобрат услугите за децата со попреченост
Во моментов постојат 30 државни дневни центри за деца со попреченост кои се наоѓаат само во поголемите градови и им даваат услуги само на 10 отсто од сите деца со попреченост во земјата, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ насловен „Проценка на алтернативни форми на згрижување и услуги за поддршка на семејствата и децата со попреченост“.
Во извештајот, информираат од УНИЦЕФ, се наведува дeка другите препораки опфаќаат натамошно зајакнување на меѓусекторските врски меѓу службите заради подобар одговор кон потребите на децата со попреченост и рана интервенција, со фокус врз идентификување на случаите преку работа во заедницата. Во извештајот се повикува на втемелување на основните принципи на човековите права и на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во сите услуги за децата со попреченост.
На денешната промоција на извештајот „Проценка на алтернативни форми на згрижување и услуги за поддршка на семејствата и децата со попреченост“, владините партнери, организациите на лицата со попреченост, родителите на децата со попреченост и експертите дискутираа за главните наоди и препораки од извештајот.
Во оваа проценка, нарачана од УНИЦЕФ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, се разгледуваат сите достапни форми на алтернативни услуги за грижа и семејна поддршка кои државата и другите актери ги обезбедуваат за семејствата и децата со попреченост, посочуваат од УНИЦЕФ.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола