-->
-->
УНХЦР го осуди данскиот закон за азил
-->
Данска во четвртокот усвои закон со кој ќе се дозволува обработка на апликациите на барателите на азил надвор од Европа, со што предизвика гнев кај поборниците за човекови права и Европската комисија.
Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) изрази силно спротивставување на законот усвоен од данскиот Парламент со кој треба да се дозволи процесирање на апликациите на барателите на азил надвор од Европа, нарекувајќи го „откажување” од сопствената одговорност според меѓународното право.
Данска во четвртокот усвои закон со кој ќе се дозволува обработка на апликациите на барателите на азил надвор од Европа, со што предизвика гнев кај поборниците за човекови права и Европската комисија.
Филипо Гранди, висок комесар на ООН за бегалци, во писмена изјава наведува дека барателите на азил, доколку се спроведе законот, можат да бидат присилно преместени и да се отфрли одговорноста на Данска за заштита на најранливите бегалци.
„УНХЦР силно се спротивставува на напорите азилот и меѓународните заштитни обврски да се екстернизираат во други земји”, рече Гранди.
Според него, УНХЦР постојано изразува загриженост и приговори на предлогот на данската Влада и нуди совети и прагматични алтернативи.
„УНХЦР ќе продолжи да разговара со Данска, која останува вреден и долгогодишен партнер на УНХЦР, со цел да се најдат практични решенија што ќе ја обезбедат довербата на данскиот народ и ќе ги поддржат меѓународните обврски на Данска”, рече Гранди.
Данска веќе има една од најстрогите европски позиции за имиграцијата и прифаќа бегалци само според системот на квоти на ООН.
Новиот закон ќе и овозможи на Данска да ги префрли бегалците кои пристигнуваат на нејзина територија во центрите за азил во партнерска земја каде што треба да бидат обработени нивните апликации и тие треба да добијат заштита во таа земја. Данска допрва треба да се договори со земјата-партнер, но се вели дека веќе преговара со неколку земји-кандидати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
