-->
-->
Унгарското обвинителство покренува истрага за тепањето новинари
-->
Една година откако припадници на унгарски специјални полициски единици на границата со Србија физички нападнаа репортери кои известуваа за бегалската криза, Јавното обвинителство на Унгарија одлучи да покрене истрага за случајот, јави Танјуг.
Здружението на новинари на Србија (УНС) соопшти дека по долгото премолчување на настанот, истрагата е поведена под притисок од неколку европски новинарски здруженија, меѓу кои и Европскиот центар за новинарски и медиумски слободи (ЕЦПМФ).
- Покренувањето истрага е важен чекор. Тоа значи дека, иако унгарската Влада тврди дека физички напад врз новинари немало, Обвинителството мисли поинаку, изјави Балаж Наваро, претставник на ЕЦПМФ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан