Балкан
25. November 2016 - 17:32

Унгарско село забрани џамии, бурки и буркини

Екстремно десничарски градоначалник во Унгарија изјави денеска дека советниците изгласале забрана за градење џамии како и употреба на бурка и буркини меѓу муслиманите.

Градоначалникот на Ашотхалом, Ласло Тороцкај изјави дека мерките се усвоени за да се бранат „вредностите и традицијата“ на локалната заедница од шема на ЕУ за населување мигранти во 28-члениот блок.

Јужното унгарско места е на границата со Србија и беше голема влезна точка во Унгарија за мигранти на балканската рута на мигрантите кон западна Европа.

Од почетокот на бегалската криза Тороцкај заговараше изградба на ограда за да се запре приливот на мигранти. Во крајот на 2015 година Валдата на Унгарија постави ограда на границата со Србија и со Хрватска.