Свет
3. November 2015 - 21:40

Унгарскиот Парламент се изјасни против планот на ЕУ за распоредување на мигрантите

Унгарскиот Парламент денеска изгласа резолуција со која не се прифаќа планот на Европската унија за воведување на квота за распоредување на бегалците во земјите-членки.

Резолуцијата беше изгласана со гласовите на пратениците од партијата на премиерот Виктор Орбан - ФИДЕС, на коалицискиот партнер - Христијанскодемократската народна партија и ултрадесничарската Јоббик, со што и се овозможува на Владата да преземе правни дејствија против ЕУ, за да не учествува во планот за распределба на мигрантите.

Унгарија подигна ограда на границата со Србија и со Хрватска со цел да ги спречи бегалците.