Унгарскиот машки камерен хор „Св. Ефраим“ ќе настапи во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“

Машкиот камерен хор „Св. Ефраим“ од Унгарија вечер ќе настапи во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во рамки на „Скопско лето“.
Од 2002 година хорот прерасна во најпопуларна вокална група на Унгарија. Основачот и уметничкиот директор, Тамаш Бубно, беше добитник на наградата „Лист“, како и добитник на унгарската награда за уметнички заслуги во 2017 година. Хорот беше добитник на наградата за унгарско наследство и наградата „Бренд“ на Будимпешта.
Меѓународниот успех на хорот почна во 2006 година на Меѓународниот фестивал на православната музика Hajnowka, во Полска, каде што ја доби првата награда во професионална категорија „ода на хор“. Хорот настапувал и на повеќе фестивали низ светот, а често пати и на верски музички настани.
Досега има издадено 10 албуми, од кои едниот, насловен „Bizantine Mosaics” ја доби наградата Суперсоник, во 2010 година во Луксембург.
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
