Унгарски автобуси превезуваат мигранти од Хрватска кон границата со Австрија
На унгарскиот граничен премин Беременд денеска пристигнаа 21 автобус од Хрватска со околу 1.300 бегалци, за кои Унгарците испратија свои возила, кои потоа ги превезуваат кон границата со Австрија.
Претставник на унгарската полиција информира дека имигрантите се пренесуваат до два регистрациски центри во близина на границата на Унгарија со Австрија.
Весникот „Јутарњи лист“ пишува дека на тој начин е создаден коридор кон западните земји, а наскоро на границата се очекува да пристигнат уште автобуси.
Автобусите, кои ги оставаат мигрантите на преминот Беременд, се враќаат во хрватскиот град Бели Манастир за да ги земат останатите мигранти.
Од Бели Манастир попладнево кон Унгарија се упати воз со над 1.000 бегалци, кој од утринава на стоеше на железничката станицата во овој хрватски град.
Унгарските медиуми јавија дека возот доцна попладнево пристигнал на железничката станица во унгарското погранично село Маѓарбоја.
„Јутарни лист“ наведува и дека во следните часови се очекува и зголемен прилив на бегалци од Загреб на граничниот премин Хармица на хрватската граница со Словенија.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен