Унгарска делегација во посета на ССК

Делегација на Унгарија предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи Левент Маџар денеска ќе се сретне со претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска.
На средбата на која ќе присуствува и Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Република Македонија, ќе се дискутира за потенцијалите за соработка меѓу компаниите од двете земји за заеднички настап на трети пазари, како и за можностите за организирање бизнис форуми и Б2Б средби за конкретни партнерства.
Предвидено е да се даде поддршка на иницијативите на ССК за потпишување меморандум за соработка со водечки стопански комори во Унгарија, со цел зголемување на соработката во повеќе сектори, туризам, земјоделство, енергетски и инфраструктурни проекти.
ССК ја организира оваа средба во соработка со Министерството за економија и Амбасадата на Република Унгарија.
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
