Унгарија најави можна блокада на Хрватска за влез во Шенген зоната
Унгарија би можела да го блокира пристапот на Хрватска во Шенген зоната доколку не успее во одбрана на надворешните граници на Европската унија, предупреди денеска советникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган.
- Доколку Хрватска ги крене рамениците и рече не, не сакаме да ги браниме границите, тогаш Унгарија може само да каже дека не е подготвена за пристап во Шенген зоната, кога ќе дојде време за одлучување, изјави Роган за провладиното Радио Инфо.
Услов за влез во Шенген зоната е земјата да се обврзе дека ќе ги брани надворешните граници на Европа. Ако тоа очигледно не успева, тогаш не е подготвена за влез во Шенген зоната, изјави шефот на политичкиот комитет на Орбан.
Хрватскиот премиер денеска изјави дека Хрватска ја принудила Унгарија да прифати илјада мигранти и дека ќе продолжи да го прави тоа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници