Унгарија бара прекин на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека Европската унија треба да ги прекине исплатите кон Украина, откако беа објавени извештаи за корупција во земјата.
– Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателката на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра на Украина. Тоа е лудо, им рече Сијарто на новинарите во Брисел пред состанокот со колегите од ЕУ.
Извештаите за корупција вклучуваат истрага за наводна завера во вредност од 100 милиони долари за контрола на договарање во државната нуклеарна агенција, што доведе до смена на двајца украински министри и барања за сеопфатни мерки за враќање на довербата во раководството на земјата.
Сијарто оцени дека моменталните изгледи за Украина не се позитивни.
– Времето не е на страната на Украина. Илузија е да се каже дека е така, додаде тој.
Според него, Унгарија ќе ги поддржи мировните иницијативи на претседателот на САД, Доналд Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
