Унапредена обвинителката Ивана Трајчева
За нов раководител на полициското одделение во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е назначена обвинителката Ивана Трајчева, која беше казнета поради претресот на ексдиректорот на Финансиска полиција. Одговорност од неа, Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска побара поранешниот републички обвинител Љубомир Јовески, а по неговото пензионирање, шефот Ислам Абази и ја довери функцијата. Во нејзиниот тим се уште две обвинителки кои се задолжени за гонење на лица кои имаат полициски овластувања.
„Основниот јавен обвинител Ислам Абази за раководител на Специјализирано одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја назначи обвинителката Ивана Трајчева, a по предмети во ова одделение постапуваат и јавните обвинители Валентина Бислимовска и Оливера Проеска“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“.
Казнувањето на Трајчева помина низ многу контроверзии. Обвинителката, заедно со нејзината тогашна шефица Вилма Русковска и обвинителката Елизабета Јосифовска беа предмет на дисциплинска постапка. Русковска се јавила кај Трајчева и дала насоки да се направи налог за претрес кај Арафат Муареми поради сомнежи за злоупотреби, а потоа да и го даде на Јосифовска да го потпише и поднесе во суд. Трајчева ја послушала нејзината надредена и тоа го направила. Јосифовска пак, го потпишала.
По ова, дисциплинската комисија не лоцираше вина кај Јосифовска, која беше унапредена во шефица на Обвинителството во Гостивар, а пак Русковска ја разреши, а Трајчева ја казни со намалување на плата.
Обвинителката Трајчева е позната во јавноста по неколку предмети што ги водеше, како што се гонењето за „Софтвери“ против Драги Рашковски, „Еразмус“, „Спец каса“, „Шпански скали“, „Организатори на 27 април“, „Рекет“, „Меѓународен сојуз“.
Претходно, судирот меѓу Вилма Русковска и ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муамери, резултира со дисциплинска постапка за обвинителките. Тој обвинуваше дека претресот во неговите канцеларии не бил во согласност со законот. Дисциплинска беше отворена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметаше дека има низа пропусти во случајот откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која раководи. Русковска беше и суспендирана од работа, а за тоа рече дека оваа атака ја доживува како удар и врз правото и правдата.
Ново на Сител
-

Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари
-

Ја скинале сајлата и се скриле меѓу кутиите: Тројца мигранти од Судан пронајдени во камион во Скопје
-

Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Андоновски: Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
-

Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти
-

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
