Бизарно но вистинито
21. August 2015 - 15:49

Уловена змија со две глави

Двоглавата змија била откриена во селото Голињево, јавува порталот Ливно, според фотографија која ја добиле на нивната Фејсбук страна.

Експерите истакнале дека ова е ретка природна појава и дека ако змијата има две глави, не значи дека е двојно поопасна. Напротив, можноста за преживување и е минимална бидејќи е лесен плен за предаторите, кои полесно може да ја уловат, а двоглавата змија полесно ќе може да се одбрани и крие.

Бидејќи змијата има две глави, нејзиниот врат е потенок, па чуварот кој ја храни и дава помали оброци за да не се создадат проблеми, бидејќи е познато дека змиите го голтаат пленот.