Loading Video...
Свет
9. September 2022 - 16:32

Украинската армија во регионот Харкoв напредува 50 километри за три дена, ослободен градот Балаклија

Украинската војска го ослободи градот Балаклија во регионот Харков. Вооружените сили на Украина ослободиле повеќе од 20 населени места и 700 квадратни километри од руските сили во правците Харков и Јужен Бух, соопшти Зеленски.

Во регионот Харков, украинската армија напредувала 50 километри за три дена. Според Генералштабот, во некои области, единиците на руската армија извршувале тактички напади насочени кон локални цивили.

Во овие области Руските сили се обидувале да го евакуираат ранетиот персонал и оштетената воена опрема. Војниците се префрлале во цивилна облека, обидувајќи се да се вратат на територијата на Руската Федерација.