Македонија
15. July 2018 - 11:55

Украинец ограбен додека спиел во возило на бензинска пумпа кај Градско

Вчера во 09,00 часот во Полициска станица Велес, Р.Л.(38) од Р.Украина пријавил дека ноќта околу 03,00 часот, на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одмарал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Р.Украина, од страна на непознат сторител одземена му е чанта.

Според изјавата на Украинецот во украдената чанта имало две патни исправи, неколку платежни картици, 1,500 евра и други документи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.