Украинец и Унгарец уапсени на Прешево - Табановце со 268.000 евра
Српската полиција на граничниот премин Прешево -Табановце ги уапсила украинскиот државјанин В.П.(37) и унгарскиот државјанин П.К.(42), кај кои пронашле 268.000 евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Унгарецот и Украинецот се осомничени за перење пари и задржани во притвор до 48 часа.
Прекршокот бил откриен кога на редот за контрола на излез од Србија пристигнало возилото „туарег“ со странска регистрација, во кое кон Северна Македонија патувале двајца странски државјани.
И покрај тоа што кажале дека немаат што да пријават и дека ги носат дозволените суми на пари, автомобилот бил издвоен на темелна проверка.
Во таа прилика, во фабричката подна шуплина, пред совозачкото седиште, најнапред била пронајдена кеса со снопови девизи.
Потоа во преградата за акумулатор биле пронајдени уште три кеси со скриени пари, а на крајот дел од скриените пари во различни апоени биле пронајдени и во тапацирот под клупата на задното седиште. Со пребројување било утврдено дека се работи за вкупно 268.000 шверцувани евра.
Откриените пари заедно со 37-годишниот возач и автомобилот чија вредност се проценува на околу 70.000 евра ги презеде во понатамошна надлежност полицијата и обвинителството.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
