Украина: Уапсивме 800 саботери, се продаваат за 300 долари
Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хајдај, на својот канал Телеграм изрази сомнеж за способноста на проруските сепаратисти да ја вратат стабилноста во новоокупираните области на Украина.
„На неодамна окупираните територии Русите си поставуваат правила, зборуваат глупости за отворање училишта од 1 септември, брза поправка на телекомуникациската мрежа. Се е лага, истото се договараше и во Мариупол. Единственото нешто што Рашистите (термин на Хајдај за руски фашисти) се способни да го направат е да го тероризираат локалното население“, рече Хајдај.
Слична порака упати и украинското Министерство за внатрешни работи, кое предупредува на руски диверзанти и соработници. Тие тврдат дека повеќе од 800 од нив се уапсени од почетокот на руската инвазија на Украина.
„Во овие неколку месеци, повеќе од 800 саботери се уапсени и предадени на СБУ (Безбедносната служба на Украина) на понатамошна постапка. Тие често се продаваат „за 30 сребреници“. Цената на предавството на татковината често не е поголема од 300 долари“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Јенин.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети