Украина нападната од Русија со 38 беспилотни летала, 26 се соборени
Русија синоќа ја нападна Украина со 38 беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска украинското воздухопловство, наведувајќи дека биле соборени 26 дронови.
„Регистрирано е дека се испратени 38 беспилотни летала „Шахед““, се вели во дневниот извештај на воздухопловните сили на Телеграм.
Во соопштението се додава дека се уништени 26 беспилотни летала од иранско производство.
Регионот Одеса е меѓу областите кои синоќа беа цел на руските сили, а посебно на мета беше пристаништето Измаил. Нападот траеше два часа, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм, додавајќи дека повеќето од беспилотните летала биле соборени.
„За жал, пристанишната инфраструктура беше погодена во областа Измаил“, рече тој, додавајќи дека двајца возачи на камиони се ранети. Според него, оштетени се контролниот пункт, магацини и 30 камиони.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари