-->
-->
Украина ја доби втората пратка американско оружје
-->
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников синоќа соопшти дека пристигнала втората пратка оружје од САД како дел од одбранбената помош од 200 милиони долари.
Вашингтон соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Украина поради загриженоста во Киев и меѓу нејзините западни сојузници поради десетици илјади руски војници стационирани долж границата со Украина. Русија негира дека планира воена офанзива.
Втора птица во Киев! Повеќе од 80 тони оружје за зајакнување на украинските одбранбени способности од нашите пријатели во САД! И ова не е крајот, напиша Резников на Твитер.
Во саботата во Киев пристигнаа околу 90 тони „смртоносна безбедносна помош“, вклучително и муниција, од пакетот одобрен од САД во декември.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот на Твитер изрази благодарност на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидена“ дипломатска и воена помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок