Свет
28. February 2022 - 20:36

Украина им нуди амнестија и 5 милиони рубљи на руските војници ако го положат оружјето

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников директно им се обрати на руските војници преку Твитер, барајќи од нив да се предадат.

Тој рече дека доколку некој доброволно го положи оружјето, ќе добие целосна амнестија и паричен надомест.

„Руски војници! Ве доведоа во нашата земја да убивате и да умрете. Не слушајте криминални наредби. Ви гарантираме целосна амнестија и 5 милиони рубљи доколку го оставите оружјето. Нема да има милост за оние кои продолжуваат да се однесуваат на окупаторски начин“, напиша тој во објавата на социјалните мрежи.