Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот
Претставници од Украина и Русија треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул за разговори за можни начини за завршување на војната, јави ДПА.
Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Москва ја предложи оваа рунда разговори.
Кон средината на мај, завојуваните страни се состанаа на директни разговори за прв пат од 2022 година. Резултатот од таа средба беше размена на затвореници.
Украинската позиција за оваа рунда разговори вклучува, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, целосно безусловно примирје, ослободување на затворениците и враќање на киднапираните деца.
-За да се создаде траен мир, мора да се подготви и состанок на највисоко ниво, рече Зеленски.
Москва отфрли безусловно примирје, но неодамна сигнализираше подготвеност под голем број предуслови.
-За време на траењето на прекинот на огнот, барем е потребно западните земји да престанат да го снабдуваат со оружје режимот во Киев, а Украина да ја прекине својата мобилизација, изјави во петокот рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис